На 15.03.2014 година, околу 23,30 часот на паркинг во близина на кафулето „Форум“ група од млади лица забележале непознато машко лице со капуљача на главата како трча со бебе во рацете, при што им станало сомнително и почнале да викаат и да трчааат по него, но во еден момент лицето го фрлило бебето на хауба од паркирано возило и продолжило да бега. Од нивна страна настанот веднаш бил пријавен во ЦИК и на лице место излегле УПС од ПС ОН „Центар“ кои заедно со лицето кое се нашло на лице место го однеле бебето во ГОБ „Св.Наум Охридски“ каде бил извршен преглед над бебето и од од страна на доктор биле забележани два хематоми на главата, од каде со Итна помош истото било пренесено на Детска клиника – Педијатрија во Клинички Центар.
На 16.03.2014 год. во 10.30 часот, А.Х.(30) од Скопје пријавила дека на 15.03.2014 год. околу 23.00 часот на плоштад Македонија додека се движела со нејзиното седум месечно бебе и нејзиниот вонбрачен сопруг (татко на бебето) И.Р. истиот го побарал бебето за да ја носи по кафулињата и да проси. Бидејќи И.Р. бил видно под дејство на алкохол таа не му дозволувала да го земе бебето, по што настанала расправија и истиот и го грабнал бебето од раце и почнал да бега а таа викала по него по што и обезбедувањето од кафулињата се стрчале по него но не успеале да го фатат. А.Х. го барала цела ноќ бебето низ Центар, а воедно истата појаснила дека често била малтретирана и тепана од нејзиниот вонбрачен сопруг.
По преземени мерки И.Р. е повикан во ПС, по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени три кривични дела “запуштање малолетно лице”, “ТТП при вршење семејно насилство” и “загрозување на сигурност”.