Денес во Скопје се одржа редовно годишно собрание на Фудбалската Федерација на Македонија. На собранието се усвоија:
– Извештајот на Независниот ревизор,
– Завршната сметка за 2013 година,
– Буџетот на ФФМ за оваа година.
Се усвои и извештајот на УО на ФФМ како и предложените измени на дисциплискиот правилник и правилникот за судии и судење на ФФМ.
Се направија статутарни измени – измена на чл. 3 од Статутот на ФФМ и од денеска ФФМ ќе има нов визуелен идентитет, ново лого, знаме и слоган.