Оди младиот Перо во аптека. Му бара на аптекарот кондом и му вели:
– Дајте ми еден кондом, вечерва сум поканет на вечера кај девојка ми!
Аптекарот му дал и тој заминал, но по пет минути пак се враќа и му вели на аптекарот:
– Ај дајте ми уште еден, девојка ми има убава сестра, па може ќе ми послужи!
Аптекарот му дава уште еден и Перо повторно заминал, но по неколку минути пак се вратил.
– А да ми дадете уште еден, и мајка и е убава, па може ќе ми треба!
Му дал аптекарот и трет кондом. Перо задоволен си заминал. Вечерта пред вечерата сите седнале на маса и го чекале таткото од девојката. Кога дошол татко и сите се помолиле и почнале со вечерата, а Перо уште се молел. Го чекале скоро половина час и девојката почнала да го чепка и му вели:
– Па не знаев дека си толку побожен!
А тој и одговара:
– И јас не знаев дека татко ти е аптекар!!!