Во ОУ „Христо Узунов“ за најмалите се одигра театарската претстава „Сказна за Рибарот и Златната рипка“ според Пушкин во која учествуваа еминентни глумци како Шенка Колозова, Гоце Тодороски, Владо Дојчиновски и Дубравка Киселичка.
„Целта беше да најмладите се запознаат со театарската уметност, но и да ја имаат театарската култура за посетување на претстави во театар“, – изјави директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.
После театарската претстава, ичениците се дружеа со главните ликови на претставата.