Јавен увид и јавна расправа по извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина

Врз основа на член 65 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12 и 93/13) и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 45/11), Градоначалникот на Општина Охрид

О Р Г А Н И З И Р А

1. Јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план  за с.Љубаништа дел од Блок 9 , опфат 1 ,КО Љубаништа, Општина Охрид  се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа, Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за Урбанистички план  за с.Љубаништа дел од Блок 9, опфат 1, КО Љубаништа, Општина Охрид.

2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр. 54 Сектор за заштита на животна средина и управување со отпад, во Општина Охрид секој работен ден од 08 – 16 часот почнувајќи од 03.04.2014 год. до 03.05.2014 год.

3. Јавната расправа ќе се одржи на ден 17.04.2014 год. во малата сала на Општина Охрид, со почеток во 12 часот.

4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: urbanizam@ohrid.gov.mk, или по пошта на следната адреса Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 57 Охрид.

Градоначалник

Никола Бакрачески