СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Н.(37) од Охрид, за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во јануари 2014 година во деловна зграда на ул. „Димитар Влахов“ во Охрид со уривање на заеднички ѕид зазел подрумски дел во површина од 20,28 метри квадратни сопственост на акционерското друштво за осигрување и реосигурување „Кјуби Македонија“-Скопје, експозитура-Охрид.