Охриѓанецот Климент Махоски – најдобар студент на ФИНКИ

На прославата на третиот роденден на ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство-Скопје, која се одржа на 31 март, беа доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од оваа година, како и беа доделени награди  на најдобрите студенти.

Меѓу нив, охриѓанецот Климент Махоски беше прогласен за  првенец на генерацијата со просек 10,00 во сите години на студирање, како најдобар студент на ФИНКИ.

Инаку ФИНКИ е основан во 2011 година, како продолжение на традицијата на Институтот за информатика при Природно математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии.

http://www.webohrid.com/2014/03/31/finki-ke-dobie-svoja-zgrada-dosega-zapisani-3000-studenti/