Штрудли со смоква произведени во Србија се повлечени од пазарот ширум ЕУ, бидејќи содржат недозволено ниво на охратоксин А, токсична материја која во поголеми количини е канцерогена, потврди спрското Министерство за земјоделство.
Според прописите на ЕУ, дозволени се три микрограми охратоксин по килограм производи за возрасни и 0,5 микрограми за деца, а од Националната организација на потрошувачи Србија наведуваат дека во штрудлите од Србија имало повеќе од 15 микрограми охратоксин.
Принципот за безбедноста на храната во ЕУ е да не се наведува името на производителот, туку да се даде само опис на производот.
Охратоксинот има потенцијално канцерогено влијание, примарно е нефротоксичен, што значи дека може да го оштети уринарниот систем, а во големи количини е хепатотоксичен, што значи дека може да го оштети црниот дроб.