Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што утрово околу 9 часот се случи на регионалниот пат Гостивар-Кичево кај месноста „Сатеска“ во близина на кичевското село Зајас.
Младица С. (80) од Скопје на лице место им подлегнала на повредите, со тешки телесни повреди се здобила В.П.(59) од Скопје додека лесни повреди биле констатирани кај В.К. (53) од Скопје.
Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Рено Лагуна“ кое се движело во правец кон Кичево, а било управувано од В.П. излетало од патот удирајќи ја заштитната метална ограда.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Кичево како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Кичево.
Во текот на утрешниот ден ќе биде извршено дополнително вештачење и технички преглед врз патничкото моторно возило.