Изминативе неколку дена селото Калачи во Казахстан е во центарот на вниманието поради мистериозната болест од која 30 од 300 жители заспиваат на неколку дена, а кога ќе се разбудат, не се ни сеќаваат на тие денови.
„Одеднаш ќе заспијам и се заборавам. Не се сеќавам како сум дошол во болница, ниту која е причината за ова“, вели Александер, жител на селото.
„Во почетокот не можам да го контролирам телото, не можам да зборувам, потоа заспивам и немам контрола над себе“, вели друга жителка.
Пред 20 години во близината на ова место постоеле три големи рудници на ураниум. Некои жители се сомневаат дека причина за оваа болест е токму радијацијата.
Меѓутоа експертите од Казахстан ја тестирале водата, земјата, воздухот и снегот, и резултатите се во граница на нормалата. Дури и жителите на останатите места во близина немаат епидемија на спиење.
Се очекува да се вклучат меѓународни експерти, за да помогнат во утврдување на причините за оваа несекојдневна болест.
Извор: Нет Прес