ЈП „Охридски Комуналец“ претпразнично го уредува градот

По повод претстојниот христијански празник Велигден, екипите на Комуналец ги уредуваат и расчистуваат зелените и јавно-прометните површини на влезовите во Охрид, туристичките локалитети, стариот дел од градот, пофреквентните сообраќајници и многу други локации.

IMAG02931

„Тревниците се косат, расфрланиот отпад се расчистува, покрај коловозите се отстранува ниската вегетација, а јавните површини се метат. Во изминативе денови се уредени селата Подмоље, Горно Лакочереј, Косел и Лескоец, а во наредните денови ќе бидат опфатени и останатите села.“– информираат од претпријатието.

IMAG02961