Православните христијани ширум светот го прославуват Христовото Воскресение, ден кој што е еден од најголемите христијански празници.
Илјадници граѓани, гости и туристи вечерва во сите цркви во Охрид дојдоа да ги слушнат звуците на камбаните кои на полноќ го означија Христовото Вокресение – Велигден.
Така беше и во во Црквата Св.Никола Долна Влашка Маала, каде што река од православни верници, го дочекаа Христовото Воскресение и со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење на велигденските јајца и секако со поздравот Христос Воскресе, Навистина Воскресе.
Централната воскресна богослужба во Охрид се одржа во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, каде што чиноначалствуваше Митрополитот г. Тимотеј.
За многу години нека ни е празникот! Христос Воскресе, Навистина Воскресе!
WebOhrid