ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до своите сограѓани од православна вероисповед. Во честитката стои:
„Празнувајќи го најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид на своите сограѓани од православна вероисповед им посакува духовна вредност и пред се добро здравје, радост и благосостојба. Ова се денови во кои се празнуваат искрените вредности, љубовта и силната верба кои треба да не водат низ животот.
Овие денови на празнување се симболика на градење вистински хуманизам и искрено достоинство за љубов и соживот со сите, да живееме во мир и хармонија, споделувајќи безусловна љубов со ближните.
Нека е за многу години големиот христијански празник – Велигден! “– се вели во честитката на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.