Ден на планетата Земја

Денес, 22-ри април 2014 година, повеќе од една милијарда луѓе од 190 земји ќе земат учество на Денот на планетата Земја. Од Сан Франциско до Сан Хуан, Пекинг до Брисел, Москва до Маракеш, луѓето засадуваат дрвца и ја расчистуваат животната средина.

Како што беше и во минатото, Денот на планетата Земја 2014 е фокусиран на уникатните предизвици на животната средина во времето во кое живееме. Како што светската популација мигрира во градовите, потребата да се создадат одржливи заедници е поважна од било кога.

Оваа година со Денот на планетата Земја, се обидува да се направи токму тоа, преку глобалната тема: Зелени градови. Со паметни инвестиции во одржлива технологија, образована и активна јавност, ние можеме да ги трансформираме нашите градови и да изградиме одржлива иднина. Ништо не е помоќно од колективната акција на милијарда луѓе.

WebOhrid