Од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензините се зголемуа за 1,5 денар, а на дизелот и екстра лесното за денар. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 81 денар, на Еуродизелот 67 и на Екстра лесното масло за домаќинство 55,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,456 денари и ќе изнесува 39,6 денари за килограм.