Одржан изборен натпревар во атлетика на градскиот стадион „Билјанини Извори“

На атлетската патека на градскиот стадион „Билјанини Извори“ се одржа изборен натпревар во атлетика за седумте дисциплини кои се дел од натпреварите во атлетика на „Гимназијада Охрид 2014“.

Притоа учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на општинскиот средношколски натпревар во атлетика за мажи и жени постигнаа забележителни резултати.

969998_579557115493223_4247328487198453573_n

Три први места во дисциплините: фрлање ѓуле во машка конкуренција, 100 метри машка конкуренција и 400 метри машка конкуренција. Три втори места во дисциплините: фрлање ѓуле во женска конкуренција, 400 метри женска конкуренција и штафетата 4х100 метри во женска конкуренција.

Две трети места во дисциплините: фрлање ѓуле во женска конкуренција и 400 метри женска конкуренција.

1610097_579557018826566_367926806336513487_n

„Нашите победници ќе им се приклучат и на машката екипа во футсал со што на претстојната Гимназијада покрај тоа што ќе го претставуваат своето училиште тие ќе бидат афирматори и на градот Охрид.“– информираат од училиштето.

WebOhrid