Влегол еден пијаница во кафана и порачал ракија. Шанкерот го видел дека е пијан и го откачил:
– Излегувај надвор, не служиме пијаници!
Поминуваат 10 минути и пијаницата повторно се вратил и повторно побарал ракија.
Шанкерот пак го откачил.
Не поминале ни 15 минути, а ете ти го пијаниот пак. Му се доближил на шанкерот и го прашал:
– Извини дечко, има ли некоја кафана во градов во која ти не работиш?