Со првата сабота од месец мај Ј.П. „Охридски Комуналец“ започнува со реализирање на акциите за подигнување на кабаст отпад, од вкупно осум, кои согласно годишниот календар се планира да се спроведат во пролетниот циклус во месеците мај и јуни.
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре, 3-ти мај (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.1 „Стар Град“.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.