Од страна на СВР-Скопје, ОИД – Отсек за разбојништва, поднесена e кривична пријава против лицето И.С. (18) поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – “лажно пријавување“ предвидено и казниво согласно чл.366 од КЗ на РМ како и кривично дело – “затајување“ предвидено и казниво согласно чл.239 од КЗ на РМ.
Имено, пријавениот И.С. на 11-ти минатиот месец, околу 10,15 часот во ПСОН „Драчево“ пријавил дека на тротоарот од ул.„Живко Фирфов“ во близина на маркетот „Стокомак“ од страна на двајца НН сторители со употреба на физичка сила му е извршено кривично дело „разбојништво“ при што му е одземен еден паричник во кој имало 35.000 денари, (доверени пари од дневен промет од продавницата „Вимбо Комерц“) и два мобилни телефони, иако знаел дека пријавеното кривично дело не е сторено, а со намера да ги присвои доверените пари за себе, во ПСОН „Драчево“ поднел Записник за примање пријава, со што сторил кривично дело лажно пријавување на кривично дело.
Со цел за утврдување на наводите на пријавениот И.С., извршени се оперативни проверки, при што е утврдено дека кривичното дело „разбојништво“ не е извршено, а доверените пари од дневниот промет ги задржал за себе, односно противправно ги присвоил и истите ги сокрил во неговата соба од семејната куќа, со намера подоцна да ги потроши за свои лични потреби, со што сторил кривично дело „затајување“. Пријавениот со цел да го прикрие извршеното кривично дело „затајување“, истиот ден во ПСОН „Драчево“ лажно пријавил дека му е извршено кривично дело „разбојништво“.
На 11.04. беше извршен службен разговор и со И.С. пришто истиот го признал делото, и појаснил дека лажно пријавил кривично дело со цел да ги присвои доверените пари а мобилните телфони имал намера да ги чува дома некое време и потоа пак да ги користи.
Со потврда за привремено одземени предмети од пријавениот Стојановски одземени се 35 банкноти од по 1.000 денари и истите со потврда за вратени предмети му се вратени на сопственикот на продавницата “Вимбо Комерц“.