На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид претпладнево слета првиот од предвидените четири чартер лета со 186 австриски туристи. Летот го реализира австриската компанија „Флај Ники“.
Според статистичките податоци, Македонија во февруари годинава ја посетиле 248 туристи од Австрија, што е 1,5 проценти од вкупниот брј странски туристи.
Во текoт на летната сезона минатата година во Македонија престојувале над 4.600 австриски туристи.
Извор: Нет Прес