Спасени се 24 имигранти од бродот кој вчера се преврте во близина на грчкиот остров Самос.
Спасувачките служби и натаму трагаат по уште седум лица, кои пред два дена исчезнаа кај истиот остров, откако се преврте бродот со околу 65 имигранти.
Крајбрежната стража успеа да спаси 36 лица, а најмалку 22 имигранти ги загубија животите.
Извор: Нет Прес