Виц

Некоја мајка ги омажила ќерките, едната за Англичанец, другата за Германец, третата за Мариовец.

Пред да си заминат, се договориле кога ќе зборуваат за секс, за да не ги разберат мажите да го користат зборот „како зелникот“.

После некое време се јавува мајката во Англија.

– Како животот ќерко, како зелникот?

– Убаво мајко, се е раскошно, зелено, чисто, ама зелникот го јадеме еднаш на два месеци.

Потоа се јавува во Германија.

– Убаво е, се снајдов мајко, од богато побогато, ама зелник јадам еднаш месечно.

Најпосле се јавува во Мариово.

– Леле мајко помагај, овде е од лошо полошо, сегде камења и змии, ама пак затоа зелник јадам три пати на ден, па и сукалото го лижам од што е слатко!