Потврдите за примени вакцини и превентивна стоматологија за упис на децата во предучилишни и училишни установи, родителите може да ги обезбедат бесплатно во здравствениот дом во место на живеење.
Министерството за здравство ги информира дека потврдата за вакцинален статус ја издава службата за имунизација во здравствениот дом, а потврдата за забен статус ја издава службата за детска превентивна стоматологија.
„Напоменуваме дека потврдите се бесплатни и ги издава исклучиво докторот, кој врши вакцинација во службите за имунизација, односно службата за превентивна стоматологија и тие не треба да се издаваат од матичните лекари,“ соопшти ресорното Министерство.