Виц

Се вратил мажот еден ден од работа дома и ја нашол жената како седи на прагот со спакувани куфери. Ја прашал каде ќе оди, а таа му рекла:

– Одам во Лас Вегас. Денеска разбрав дека таму можам да заработам 400 долари од ноќ за она што тебе ти го давам за џабе.

Размислил мажот малку, па отишол во куќата и тој се спакувал па се вратил кај жената. Таа го прашала:

– А каде планираш ти да одиш?

– Доаѓам со тебе. Баш би сакал да видам како планираш да живееш со 800 долари годишно.