Грчите здравствени власти се во состојба на зголемена будност поради стравувањето дека е можно ширење на болеста детска парализа од страна на сириските бегалци згрижени во Грција.
Тие предупредуваат дека зголемениот број бегалци од Сирија, претставува опасност за ширење на вирусни и заразни болести, меѓу кои и детската парализа, имајќи предвид дека здравствениот систем во оваа земја, која веќе три години е зафатена од граѓанска војна, целосно колабира, па не се спроведуваат предвидените програми за имунизации.
Детската парализа или полиомиелитисот (полиото) е акутно инфективно заболување што го предизвикува полио вирусот. Болеста е заразна и се пренесува по орално-фекален пат.
Извор: Нет Прес