До втори јуни Украина треба да плати за јунската достава на руски гас, изјави директорот на „Газпром“, Алексеј Милер.
„Газпром“ во согласност со договорот, денес ќе ја достави предвремената сметка за гасот за јуни.
„Ако Украина не плати за јунската достава, тогаш „Газпром“ до 10 часот наутро на 3. јуни ќе ја извести Украина колку ќе треба да доплати за доставата на гас. Ако нема авансна испалата тогаш на Укрина во јуни ќе и бидат доставени нула кубни мерки гас“, наведе Милер.
Тој наведе дека тоа нема да биде стопирање на доставата на гас, туку „колку Украина купила гас, толку и ќе добие“.
До моментот Украина и е должна на „Газпром“ 3,5 милијарди долари за доставен гас.
Извор: Нет Прес