Ј.П. „Охридски Комуналец“ започна со реализација на втората фаза од уредувањето на бетонската жардињера на улица „Железничка“, на потегот од кружниот тек на улицата „15-ти Корпус“ до сообраќајната клучка на влезот во Охрид. Во првата фаза жардињерата беше исполнета со земја, а сега во втората фаза во која жардињерата хортикултурно се уредува, се дополнува со површински слој од плодна хумусна земја и се засадуваат декоративни зимзелени грмушки од видовите: пироканта, вибрунум, берберис и др.
Активностите се одвиваат синхронизирано со МЈП „Проаква“, кои го поставуваат системот за автоматско наводнување по принципот „капка по капка“.