ОК на ВМРО-НП Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
Како што најавивме и предупредивме, власта на ДПМНЕ одма по завршувањето на изборите ги стави паркинзите на точка на дневен ред во Советот на Општина Охрид. Сето тоа само заради стравот од губење гласови на изборите и манипулирање со гласачите.
Сакаме уште еднаш да ги потсетиме дека токму на темата паркинзи тие освоија најголем дел од гласовите на последните локални избори во 2013 година. Пред изборите, заради некоординираност, но и заради стравот од рејтингот Локалната самоуправа ги повлече точките, а оваа нивна идеја ја заокружуваат одма на првата наредна седница на Советот.
Уште еднаш ја повикуваме Локалната самоуправа да не ги дава паркинзите на приватен сопственик туку таа да раководи со нив. Доколку нема целосна наплата, одговорност треба да си понесе менаџментот на јавното претпријатие „Билјанини Извори“. Бидејќи е исплатливо, ги повикуваме тој систем за наплата да го внесат со кредитно задолжување на јавното претпријатие, што би се исплатило за само неколку години.
Со ваквите одлуки губи Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, губи Локалната самоуправа, а добива некој приватен сопственик. Но она што е најважно, најмногу губат граѓаните на Охрид.“– стои во соопштението на ОК на ВМРО- НП Охрид.