На годинешните регионални натпревари по физика и хемија кои се одржаа на 10 мај во просториите на охридската гимназија ОСУ,,Св.Кимент Охридски,“ учество зедоа околу 200 ученици од различни градови на Западна Македонија.
Според конечните резултати од овие регионални натпревари, охридските гимназијалци ги постигнаа следните резултати и обезбедија учество на државните натпревари по физика (31.05 2014 ) и хемија (25.05 2914) кои ќе се одржат во Скопје:
Физика
Прва година – ментор проф.Димитрија Паункоски
Александра Китеска – трета награда
Мартина Николовска – пофалница
Втора година – ментор проф.Виолета Никовска
Александар Димовски-втора награда
Анастасија Игњатоска-втора награда
Сара Трајкоска – трета награда
Втора година – ментор проф.Марија Сиљаноска
Милијана Шулајкоска – трета награда
Хемија
Прва година – ментор проф.Билјана Стевоска
Кирил Андоноски – прво место
Мартина Петровска – второ место
Александра Гаврилоска – трето место
Втора година – ментор проф.Јасминка Иваноска
Аспасија Цветкоска – второ место
Ева Новеска – трето место
Трета година – ментор проф.Вера Гушеска-Војнеска
Марија Симоноска – прво место
Билјана Ламановска – второ место
Тања Буневска – четврто место
Оттаму изразуваат голема благодарност до директорката на охридската гимназија проф. Вера Јовческа, за како што велат несебичното залагање и подршката околу организацијата и реализацијата на овие натпревари.
WebOhrid