Градоначалникот Бакрачески на доделување дипломи во „Јахја Кемал“

Градоначалникот Никола Бакрачески синоќа во Колеџот „Јахја Кемал“ присуствуваше на свеченото доделување на  дипломите  на матурантите од ова училиште. Во пријатната атмосфера  по музичко сценскиот хепенинг,  градоначалникот Бакрачески им посака понатамошни успеси на матурантите со желба да се посветат на стекнување  повисоко знаење  кое е основа за успех  и е една од работите што  никој не може да им ја  одземе.

yaheya_kemal_400_2_cr

Притоа градоначалникот ги врачи дипломите на првенците на генерација Бранка Бунташеска и Никола Таштаноски, кои со своите научни достигнувања станаа охридска гордост во светски рамки.

yaheya_kemal_400

Двајцата млади таленти, Бунташеска  и Таштаноски се дел од Советот на млади при Општина Охрид.