Поставен камен темелник на повеќенаменската балон сала во Требеништа

Денес беше поставен камен темелник  на повеќенаменската балон сала во село Требеништа, која што е со должина од 48 метри, ширина 26 метри и висина од 10 метри.  На  настанот присуствуваше градоначалнкиот на општина Дебрца, Игор Трајкоски како и пратениците Антонио Милошоски, Александар Николоски и Сашо Василески.

„Денес за општина Дебрца претставува еден значаен ден, бидејќи ние започнуваме проект со кој што ќе им овозможиме на младите да имаат долг репрезентативен примерок во однос на спортот. Оваа сала ќе претставува еден допринос пред се за младите и за другите кои што сакаат да ги користат овие репрезентативни примероци, така да ние како Локална самоуправа следејќи ја Владата предводена од ВМРО ДМНЕ, инвестираме во спортот и она што практично го имаме ветено во изборните програми еве денес можеме да бидеме сведоци дека тоа се реализира.“– изјави градоначалникот Трајкоски.

Вредноста на оваа инвестиција е околу 100 илјади евра, средства финансирани од буџетот на општина Дебрца.

Пратеникот Антонио Милошоски смета дека инвестирањето во спортот и отпочнувањето на оваа повеќенаменска спортска сала во Требеништа, ќе биде корисна и за жителите од Волино како и од поширокиот регион на општина Дебрца.

 „Јас би сакал да го поздравам прокетот на општина Дебрца и градоначалниците и сите ние што сме јавни избрани личности се ценат по своите дела и сметам дека ова остарување на ветениот проект за инвестирање во спортот и отпочнувањето на оваа повеќенаменска спортска сала во Требеништа, која што исто така ќе биде корисна за жителите од Волино и од поширокиот регион на општина Дебрца е само доказ дека општината добро работи и ги ставаме интересите на граѓаните, остварувањето на проектите на преден план. Дебрца можеби во изминативе 20 години била повеќе или помалку запоставена, некогаш и од централната некогаш и од локалната власт, но ние сакаме да го смениме тој тренд и заедно со градоначалникот, со пратениците, заедно со Владата во следниве неколку години во Дебрца да вложиме многу повеќе и по однос на инфраструктура, образование, спорстки објекти и се друго што е потребно за населението на оваа општина.“- истакна Милошоски.

Исто така во село Ботун се постави камен темелник, каде се врши реконструкција на водоводната мрежа и проширување на системот со две нови каптажи.

„ Денес бевме сведоци на поставување на камен темелник за реконструкција на водоводна мрежа во с. Ботун,  која што ќе биде во должина од 8 километри и вредност од 4, 8 милиони денари. Таа инвестиција е со буџетски средства на општината. Фактички ние го решаваме оној проблем кој им е најгорлив на жителите, значи водоснабдувањето и канализациони мрежи. “– рече градоначалникот Трајкоски.

WebOhrid