На меѓународен настан, за првпат во земјава ќе се дегустираат цигари и тутун и ќе се утврдува нивниот квалитет. Од 3 до 6 јуни во Охрид ќе се одржи меѓународната манифестација за дегустација на тутун и преработки од тутун „ИТТА – Охрид 2014“ на која ќе се утврдува квалитетот на повеќе од 60 тутуни и тутунски преработки.
За дегустацијата се пријавиле три тутунски компании од земјава и повеќе од 30 компании од Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, БиХ, Германија, Турција, Индија, Грција. Ќе се утврдува квалитетот на повеќе од 60 тутуни и тутунски преработки.
Од Стопанската комора посочија минатогодишното производство на тутун било рекордно. Произведени се 32.000 тони тутун. Извезени се 26.000 тони тутун и 3.000 тони цигари. Приходот од извозот се проценува на 150 милиони евра. Главни извозни дестинации на македонскиот тутун се Белгија, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Србија и САД.
За годинава е договорено намалување на производството на тутун за 20 отсто. И покрај тоа, производството на тутун во моментов не е загрозено.
Извор: Нет Прес