Компанијата „Вирџин Галактик“ (Virgin Galactic) потпиша договор со Владата на САД за превоз на патници во вселената со комерцијални летови кои, како што се очекува, би можеле да стартуваат веќе оваа година, поточно на крајот од годината.
Договорот е склучен со Американската сојузна агенција за воздухопловство, по одредени услови по кои идните патници во вселената нема да се „судрат“ со патниците на редовните авио линии.
Во вселената ќе се поаѓа од американската база „Вирџин Галактик“ во Ново Мексико.
Повеќе од 600 луѓе веќе резервирале карти за во вселената по цена од 250 илјади долари, а меѓу нив има и многу познати личности, откриваат американските медиуми.
Договорот е потпишан само неколку часови пред претставувањето на вселенското летало „Dragon V2“од компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX).