Oд понеделник (2 јуни), екипите на „Паркови и зеленило“ ќе започнат со засадување на новата реколта сезонско цвеќе кои ќе ги красат охридските паркови во летниот и есенскиот период.
Цветните садници се од сопствено производство од расадникот со топли леи, ги има во широк асортиман, колорит и висок квалитет од видовите: петунија, сурфинија, агератум,импатиенс, сардела, џунџуле, салвија, винка и др.
Замената на очињата со новите цветни видови од понеделник ќе се реализира со зголемен интензитет (планирани се околу 30.000 садници) во градскиот парк и голем број зелени јавни површини во централниот и периферниот дел од градот.