Дирекцијата за заштита на личните податоци, со поддршка од канцеларијата за техничка подршка TAIEX при Европската комисија, на 29 мај 2014 година организираше работилница на тема „Cloud computing“.
На оваа работилница експертите од надзoрните органи за заштита на личните податоци од Словенија, Данска, Шпанија и Велика Британијае ги споделија своите искуства по однос на ризиците кои постојат при обработка на личните податоци во „Cloud computing“ како и кои техничките и организациските мерки за заштита на личните податоци треба да се преземат за да се заштитат податоците. Агендата со презентациите се достапни на следниов линк.