Градоначалникот Никола Бакрачески, денес присуствуваше на хуманитарниот хепенинг што под мотото „Заедно за еден детски живот“ се одржа на градскиот плоштад во Охрид, а со цел да се соберат средства кои ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче на кое му е потребна итна операција во Кина , која чини 35 000 евра.
Градоначалникот Бакрачески, ги повика сите охриѓани во рамки на своите можности да се вклучат во оваа хуманитарна акција за спас на еден млад детски живот.
Донирајте веднаш од вашиот мобилен телефон на сите оператори:
ОNE – 075 143 113
VIP – 077 143 155
Т MOB 070 143 105
Или на следнава жиро сметка
530500017615254 Охридска Банка
Организатори на денешното случување беа Здружението на Новинари на Македонија, Црвен Крст и Општина Охрид.