Заврши првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал „Вдиши Театар“

Со вчерашниот прекрасен настап на театарската група од средните училишта Мирко Милески и Дрита од Кичево, со претставата „Изгубениот сон“ и театарската група од средното училиште „Св.Климент Охридски“ – Гимназија од Охрид, со претставата „Мачка на вжештениот ламаринен покрив“, беше заокружено првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал „Вдиши Театар“, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа од 28-ми мај до 1-ви јуни во Охрид.

На фестивалот беа прикажани 6 театарски претстави со учество на преку 100 млади, талентирани актери од Охрид, Кичево, Ужице и Крагујевац. Задоволството на учесниците на овој фестивал, како и на бројната публика, ја оправдаа идејата и стремежот на организаторот овој фестивал да премине во традиционален и да опфати повеќе земји од регионот.

Од Црвениот крст Охрид им се заблагодаруваат на Центарот за култура „Григор Прличев“ , Фестивалот „Охридско Лето“, како и голем број фирми и поединци за како што велат големиот допринос и успешната реализација на фестивалот.