Влезот во националниот парк „Галичица“ од денеска се наплатува. За еднодневен престој по човек се наплатува по 30 денари, за автомобил по 50 денари, а за комби и мини бус по 80 денари.
За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град на Преспанското Езеро влезницата чини 200 денари за посетител.
30 минутен параглајдерски лет чини 300 денари, а целодневно полетување чини 1000 денари.
Од јуни нема бесплатно користење и на природните убавини и за комерцијални цели. Дневно снимање за фотографии ќе се наплаќа по 10.000 денари, додека за снимање од воздух ќе се наплаќа 20.000 денари.
Влезници ќе се купуваат во Инфо центрите во Охрид и во Стење.
Извор: Нет Прес