Традицијата продолжува! И оваа година, во пресрет на Светскиот ден на крводарителството, Црвен крст Охрид во соработка со Оделението за трансфузиона медицина од Охрид, а со поддршка и помош на Спортската обложувалница Спорт Лајф, ќе организира крводарителска акција, проследена со хепенинг и презентација на активностите на Црвен крст Охрид од страна на младите активисти. Забавниот дел ќе го предводи пејачката Елена Ристеска, а со свој настап ќе и се придружат и познати охридски пејачи. За најсреќните десет крводарителите кои ќе бидат извлечени во наградна игра, Спортската обложувалница Спорт Лајф обезбеди вредни награди, а за сите дарители на драгоцената течност, подарок. Манифестацијата ќе се реализира во сабота на 7-ми јуни од 09 до 16 часот, на платото помеѓу СО Спорт Лајф (поранешен Премиер) и ТЦ Амам.
Хуманоста на овој ден, освен крводарителите, ќе можат да ја покажат и сите посетители приклучувајќи се на хуманитарната акција на Здружението на новинари од Охрид и Црвен крст Охрид „Заедно за еден детски живот“, за спас на животот на 11 годишно дете од Охрид, со донирање на парични средства во собирните каси на Црвен крст Охрид кои ќе бидат поставени на местото на одржување на настанот.
Од Црвениот крст Охрид ги покануваат нашите хумани сограѓани, во сабота, на 7 јуни, да го разубават денот себе си и на другите и да бидат дел од овој хуманитарен настан.