Неколку семејства од патниците од авионот на летот „MH370“ покренаа акција за собирање на 5 милиони долари како награда за оној кој би имал информација и ќе ја реши мистеријата со исчезнувањето на авионот пред три месеци.
Авионот исчезна на 8-ми март на летот од Куала Лумпур до Пекинг. Во него беа 239 патници и членови на екипажот. Поголемиот дел од патниците беа Кинези.
Истрагата во која се користеа сателитски податоци, заклучи дека авионот паднал во водите на Индискиот Океан, северозападно од австралискиот град Перт.