На 24 и 25 јуни 2014 година во Струга, ЗКТ на Македонија ќе го одржи задолжителниот Семинар за кошаркарски тренери, втор годинава. Божидар Маљковиќ, Раде Георгиевски и Ленче Атанасовска Величковска ќе одржат предавања на атрактивни теми за унапредување на работата како со сениорските, така и со младинските категории во нашата земја.
Теми на предавањата:
Божидар Маљковиќ:
– Контра напад и транзиција
– Одбрана од контра напад и транзиција
– Склоп на вежби со совети за унапредување на перформансите на играчите и на играта
– Дискусија за актуелни случувања, со прашања, одговори и совети
Раде Георгиевски:
– Моторички движења и систем на вежби за деца на возраст од 10 до 12 години
– Тренинг со четири станици и основни четири кошаркарски елементи: додавање, дриблиг, шут и заштита на топка
– Дискусија за работа со млади категории, со прашања, одговори и совети
Ленче Атанасовска Величковска:
– Психолошки аспекти во спортската комуникација на релација тренер-спортист-родител
– Дискусија на темата со прашања, одговори и совети
На Семинарот, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни, задолжително е присуството на сите тренери во Македонија. Сите членови на ЗКТМ за присуство треба да уплатат 1.500 денари на сметката на ЗКТМ, додека за сите тренери кои не се членови на ЗКТМ а сакаат да присуствуваат на Семинарот, цената изнесува 3.000 денари.
Точниот час за почеток на предавањата во предвидените датуми, како и салата во која ќе се одржуваат, дополнително ќе биде објавен.