Синоќа полуматурантите од ОУ „Христо Узунов”, генерација 2010-2014, со македонски песни и ора го прославија осум годишното дружење во училишните клупи.
„Мене ми е чест што сум со моите најдраги ученици, моите колеги кои овој животен циклус и оваа генерација го завршуваме кои од описменување, мислам како зрели личности ќе продолжат во животот да ја бараат својата среќа. Мене ми е многу драго што на ваков весел начин го простлавуваме ова нивно приземје т.е. овој нивни животен циклус, кој што се надевам дека понатака ќе им вроди со плод, запишување во средно образование, запишување на високите школи, и секако пред се би и посакал среќа, радост и успеси на оваа генерација. Оваа генерација е една прекрасна генерација, која што лично јас имав можност да и предавам четри години, ги чувствувам како свои деца еве и мојот син учеше во оваа генерација и мене ми е прво искуство да испратам полуматурант, така да се чуствувам искрено величествено. Некаде 120 ученици ја завршуваат оваа генерација некако помала од другите меѓу тоа многу прекрасна генерација.“– изјави за WebOhrid, директорот на ОУ „Христо Узунов”, Охрид, Тони Симоновски.
WebOhrid на сите полуматуранти им го честита завршувањето на основно образование и им посакува многу успеси во иднина!
WebOhrid/Ангелче Андриоски