Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески утре во Стразбур- Франција ќе се обрати во Фоајето на зградата на комитетот на Министри при Советот на Европа при што ќе го промовира културното наследство на Охрид. Станува збор за прво посериозно претставување на Охрид во европските институции.
По промоцијата, градоначалникот Бакрачески во ТВ студиото на Советот на Европа ќе даде кратко интервју со амбасадорот Петар Поп Арсов. Попладнето е закажана средба со Генералниот секретар на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа.