На присутните, меѓу кои беа скоро и сите вработени од нашата земја во Советот на Европа, како и пријатели на Македонија од Стразбург, најпрво им се обрати амбасадарот на Република Македонија при Советот на Европа Петар Поп Арсов.
„Оваа промоција на градот Охрид го нема само значењето за промоција на градот, културата и наследството на самиот град, туку таа има севкупно значење за Република Македонија. Овде во СЕ пред 47 земји членки. Македонија покажува дека е дел од европското семејство. Сите промоции кои се организираат овде во СЕ се потврда на тоа“, рече амбасадарот Петар Поп Арсов.
Во името на Советот на Европа се обрати генералната директорка на Дирекцијата за Демократија на Советот Снежана Самарџиќ-Марковиќ, која посебно инсистираше на значењето на ваквото претставување на културното и историското наследство на земјите членки на Советот на Европа.
„Нас во Советот на Европа, Охрид ни е исклучително добар пример како да се помири наследството и урбанизацијата, бидејќи тоа понекогаш претставува конфикт. Охрид е пример дека развојот не го погоди толку многу самиот град и неговата убавина. Ние следиме што се случува и Охрид е меѓу нашите најважни точки не само поради природата и убавината, туку и поради тоа што тој често е доаќин на наши конференции. За нас е многу важно што Охрид дојде, а за мене лично тоа е добра пример од Македонија“, вели генералната директорка на Дирекцијата за демокрарија на Советот Снежана Самарџиќ-Марковиќ.
На крајот со својот град лично бројните гости на презенатцијата ги запозна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
„Ова е сепак наше прво искуство со кое ние сакаме да почнеме една нова стратегија во промотивните и маркетиншките активности за градот Охрид пред се во културата и природното наследство за кое Охрид обилува. Нас ни требаат вакви промотивни активности. Уште мината година си поставивме задача Охрид да го претставиме во европските институции. Ова во претставување во Стразбург е првата етапа од тоа претставување“, рече градоначалникот Бакрачески.
По краткото претставување, присутните можеа да се насладуваат на охридските кулинарски специјалитети залеани со македонски вина и ракија, донесени спецјално од Македонија, а на трпезата се најде и охридска риба.
Извор: www.ohrid.gov.mk и МИА