Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска (13 јуни 2014 година, петок) на платото пред Св.Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2014“ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инжинерските дисциплини.
Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.