Донирани 500 помагала за слепите лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на работната средба со претседателот на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Жарко Селковски, беше информиран за набавката на тифло – техничките помагала кои што имаат голема улога во олесувањето на секојдневното живеење на слепите и слабовидни лица за која што набавка Министерството за труд и социјална политика донираше средства во висина од 800.000 денари.

 Со овие средства набавени се вкупно 500 тифлотенички помагала и тоа: 50 говорни апарати за мерење на крвен притисок, 50 говорни топломер за телесна температура, 70 големи рачни тактилни (браеви) часовници,  40 говорни звучни часовници, 30 мали рачни тактилни (браеви) часовници, 10 звучни рачни часовници, 50 говорни топломери за телесна температура, 50 говорни кујнски ваги за домаќинство, 50 говорни индикатори за течност, како и 50 пакет на игли за шиење за слепи лица  и 100  вденувачи за конец за игли за шиење. 

“Како надлежно министерство издвоивме 800.000 денари за оваа донација и понатаму ќе продолжиме континуирано да правиме набавки за различни помагала коишто им се потребни на слепите лица во нашата држава. Многу млаку од нас се запарашуваат како слепите лица дознаваат колку е часот или како ја мерат грамажата во сопствените кујни и како го мерат својот крвен притисок или телесна температура кога не се чувствуваат добро. Tокму поради тоа ги набавивме овие помагала од коишто имаа потреба слепите лица и кое беше долгогодишно барање на Националниот сојуз на слепи за континуирана набавка на опрема којашто ќе траба да им го олесни секојдневието на овие наши сограѓани и едноставно да изнуди насмевки на нивните лица”, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. 

Тој додаде дека Министерството и понатаму ќе продолжи со реализација на најразлични проекти, нагласувајќи дека додатокот на слепило од 7.000 денари месечно,  кој беше воведен од страна на Владата на Република Македонија моментално го остваруваат околу 2.500 потполно слепи лица во Република Македонија.

“Овој додаток навистина им е од големо значење. Дополнително сите слепи лица остваруваат надоместок за помош и нега од трето лице, а исто така, продолжуваме и со низа активности, односно очекуваме некаде до месец септември да биде отворен и првиот Дневен центар за слепи дечиња во Скопје, а потоа во 2015 година се планира и отворање на Дневен центар за слепи и во Велес. Исто така, продолжуваме и со набавка на ваква опрема, започнавме и со постапка на снимање на повеќе од 400 аудио книги од најразличен карактер коишт,о исто така, треба да им го олеснат секојдневието. Ќе започнеме и постапка за изградба на патеки за слепи лица од седиштето на Сојузот на слепи до централното градско подрачје, односно до плоштадот, а ќе иницираме и законска измена со којашто ќе се создаде и обврска за општините во централните градски подрачја и градските паркови, кога ќе ги реновираат истите или кога ќе прават нови пешачки патеки, истите да имаат и дел којшто ќе биде наменет за слепите лица и многу други проекти коишто се во насока на подобрување на нивниот живот. Како надлежно министерство и како Влада и понатаму ќе спроведуваме проекти со кои континуирано ќе се подобрува животот на овие лица”, потенцираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Претседателот на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Жарко Селковски се заблагодари на донацијата која што ќе им го олесни секојдневното живеење на  слепите и слабовидни лица во Република Македонија.