Силна експолозија се случи вчера на гасоводот во Украина, преку кој рускиот гас се доставува на европските клиенити, а украинското Министерство за енергетика наведува дека постои можност да се работи за „терористички напад“, пренесоа медиумите.
Разгледуваме повеќе можности, вклучувајќи ја и главната, тероризмот – соопшти вршителот на должност, министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков.
Гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород е оштетен во Полтавската област, но никој не е повреден во инцидентот.
Извор: Нет Прес