Косово се подготвува да воведе своја сопствена валута, објави приштинскиот весник „Трибуна“.
Според извори од Централната банка, идејата се анализира детално во моментот. Експертите сметаат дека воведувањето сопствена валута би придонело за развој на монетарната политика и оти стабилноста на таа валута би била сериозен предизвик.
Официјално средство за плаќање во Косово е еврото. Беше воведено во почетокот на 2002 година.
Извор: Нет Прес