Рускиот претседател Владимир Путин сака Арнолд Шварценегер да биде амбасадор во Русија. Предлогот дошол од правнуката на Никита Хрушчов, Нина Хрушчова.
Според неа поранешниот гувернер на Калифорнија би ги намалил тензиите меѓу Русија и Западот во врска со украинската криза. Таа на својот блог напишала дека Шварценегер ги има сите квалитети кои ги цени претседателот Путин.
Тој е холивудски актер а Путин сака ѕвезди, смета Хрушчова. Таа меѓу Путин и Шварценегер наведува уште сличности – двајцата зборуваат германски јазик, па ќе можат да зборуваат за многу теми како и за жени, бидејќи двајцата во минатото и покрај браковите, имале афери!
Извор: Нет Прес