По повод почетокот на рамазанскиот пост, градоначалникот Никола Бакрачески, до верниците од муслиманска вероисповед, упати честитка во која им посака здравје, среќа и семејна хармонија.
„Искрено Ви го честитам почетокот на триесетдневниот рамазански пост и Ви посакувам да го поминете во духот на универзалните човечки вредности, како што се меѓуверската толеранција,взаемното почитување и афирмација на солидарноста и духот на единството меѓу сите луѓе. Нека овој месец Ви биде во знак на почит кон семејството, имајте многу здравје, љубов, бериќет и меѓусебно почитување“– се вели во честитката на градоначалникот Бакрачески, испратена до верниците од муслиманска вероисповед.